МАЈКИТЕ РОДИЛКИ СО ПЕТИЦИЈА БАРААТ ДА ИМ СЕ ПРОДОЛЖИ ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО И ПОСЛЕ 9 МЕСЕЦИ
Мајките кои се на породилно отсуство, преку потпишување петиција на социјалните мрежи, бараат да се продолжи платеното породилно отсуство и по деветтиот месец Ние, како што тврдат во петицијата, сме во многу незавидна ситуација, бидејќи немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено, градинките работат и секако се уште се небезбедни (иако учителките може да се негативни, може некое дете да е носител без никој да знае и да ја рашири болеста), градинките работат со ограничен број на дечиња, поради социјалната дистанца не можеме, а и немаат сите услови да ги оставиме бебињата кај баби и дедовци или да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт претходно, а и немаат повеќето финансиска можност за ова).А со секој изминат ден има се повеќе заболени/починати.
Поради тоа бараме да го заштитите здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство.
Едно големо браво за сите мајки 🍼🤱
Останува да го видиме одговорот од надлежните институции .
No comments:
Post a Comment