Monday, 5 April 2021

Влегувам во маркет нормално носам маска , ама младиот господин ???

Според насловот на текстот сигурно 99.9 % претпоставивте за што станува збор. Денеска влегувам во маркет си чекам уредно на каса со маска на лице, но не под нос како некои, туку уредно ставена над нос и си го чекам мојот ред зад жолтата линија за дистанца.
Влегува залетаниот млад господин без маска застанува на каса и вели цигари ако може се брзам.  Касиерката уредно му вели немаш маска, со што тој и одговара еве имам го фаќа блузонот и го покрива носот. Нормално си заврши работа, а со тоа што кога требаше да плати мораше да си ја испушти раката од “маската“ и зборувајќи на телефонот најнов модел кој сигурно е купен од тато за роденден си заврши работа и излезе. Е сега се прашувам самиот, дали дечкото излезе паметен дека измисли нов метод на заштита од Ковид 19, кој за момент изгледаше дека штити од се друго само од  вирусот не, или сите ние што чекавме уредно со маска на лице излеговме нетокму народски да се изразам. 
Во време на пандемија каде секој ден има се повеќе и повеќе заразени младите по цел ден седат во кафичи еден до друг и си велам бар кога седите еден до друг, бар кога не постои Р од растојание меѓу вас, бар да си зборите еден со друг , а не секој во телефонот но таа е друга тема...

Драги мои ве молам никогаш повеќе да не го слушнам прашањето ---->>>>>>>>>>>>>>>>>>
>>>>>>>>>>>>>>>>>>Абе ти носиш маска, морам ли и јас???
Да Да Да мораш
Знаеш зошто?
Заради твоите дома, заради твојата баба и дедо, заради твоите блиски роднини и пријатели, заради сите нас!
Памет во глава заштитете се себеси, а со тоа и сите околу вас. Сите ние сакаме да испиеме кафе во најблискиот кафич, сите ние сакаме да се опуштиме . Но луѓе ако сите не се потрудиме резултат ќе нема никогаш. Дојде време кога сите мечтаеме повторно на улица да ја видиме насмевката ! Еј луѓе ја заборавивме насмевката како изгледа, се задскри зад сенката на короната. Само ние можеме заедно да ја вратиме повторно со одговорност за нас и за луѓето околу нас. Да не зборам за гушкањето, да не зборувам за вистинското стискање и поздравување со дланката онака убаво како што знаат повозрасните. И уште ред други работи...
Само со носење на маска, со дистанца и редовно миење на раце и дезинфекција сето ова и ред други работи можеме да ги вратиме многу наскоро.
До следен текст ве поздравувам посебно младите, памет во глава :) :) :) :) :) :)



                                                                                                                      

No comments:

Post a Comment