Friday, 16 April 2021

Немојте да ги правите овие грешки со адаптираното млеко

Неколку важни совети кои се надеваме ќе им бидат на сите мајки од корист кога станува збор адаптираното млеко.
Издвојуваме неколку битни совети;

-Немојте да ја менувате рецептата која е пропишана на амбалажата . Секое пакување е со одредена пропишана доза со одредена количина на вода со која треба да биде растворено млекото. Секое ваше додавање или одземање може да му наштети на вашето бебе. Тоа значи помалку млеко од пропишаното, помалку хранливи материи и помалку вода може да доведе до дехидрирање на вашето бебе.

-Не претоплувате го шишето млеко   не се препорачува предолго стоење на млекото но и претоплување, бидејќи можат да се развијат/ размножат разни бактерии кои можат да му наштетат на бебето.

-Не го прејадувајте бебето. Секое бебе најдобро знае да реагира кога е гладно или да го одбие вишокот млеко.

-Внимавајте да не заспие при давањето на храна , исто така не го оставајте само додека ја прима храна . Тоа значи никакво потпирање на шишето или оставање на момент само бебето, бидејќи може да дојде до загушување и несакани последици. 

Ова се само мал дел од многуте совети за  мајките кои се грижат за нивните најмили.

Бидете внимателни со приготвување и давање на храната бидејќи тоа е најважното нешто за вашето бебе...




No comments:

Post a Comment