Младо момче на возраст до 25 години, жител на Гевгелија, со место на живеење во Скопје е најмладата ковид жртва регистрирана денеска во извештајот на ИЈЗ - Скопје. Но тоа не е единствената жртва од корона за денес од Гевгелија. Почина и 76 год. пациент како резултат од компликација од корона вирусот.
Моменталната корона состојба на активни на ковид-19 изнесува:
- Гевгелија во моментот живее со 362 позитивни на коронавирусот,
- Богданци е со 71 активни лица на ковид-19, и
- Дојран има 21 со активна корона состојба.
Денеска се регистрирани 949 новозаразени на направени 3.610 анализи на корона тестови, а 737 оздравени. Смртен исход со коронавирусот имале 33 пациенти во изминатото деноноќие на ниво на државата.
No comments:
Post a Comment