Sunday, 25 April 2021

Нема потврден одговор за сите мајки!!!

 Нема продолжено породилно отсуство за родилките кои се породија во текот на изминатата година. Мајките ќе мора да се вратат на своите работни места по завршувањето на породилното отсуство и покрај нивното инсистирање...

Со самото отворање на градинките на 9 септември 2020 година и можноста децата да бидат згрижени во нив, продолжувањето на породилното отсуство стана беспредметно.

Сите мерки и протоколи се максимално запазени во сите градинки, со што на неделна основа трендот на новозаболени во градинките бележи значителен пад.



Friday, 16 April 2021

Немојте да ги правите овие грешки со адаптираното млеко

Неколку важни совети кои се надеваме ќе им бидат на сите мајки од корист кога станува збор адаптираното млеко.
Издвојуваме неколку битни совети;

-Немојте да ја менувате рецептата која е пропишана на амбалажата . Секое пакување е со одредена пропишана доза со одредена количина на вода со која треба да биде растворено млекото. Секое ваше додавање или одземање може да му наштети на вашето бебе. Тоа значи помалку млеко од пропишаното, помалку хранливи материи и помалку вода може да доведе до дехидрирање на вашето бебе.

-Не претоплувате го шишето млеко   не се препорачува предолго стоење на млекото но и претоплување, бидејќи можат да се развијат/ размножат разни бактерии кои можат да му наштетат на бебето.

-Не го прејадувајте бебето. Секое бебе најдобро знае да реагира кога е гладно или да го одбие вишокот млеко.

-Внимавајте да не заспие при давањето на храна , исто така не го оставајте само додека ја прима храна . Тоа значи никакво потпирање на шишето или оставање на момент само бебето, бидејќи може да дојде до загушување и несакани последици. 

Ова се само мал дел од многуте совети за  мајките кои се грижат за нивните најмили.

Бидете внимателни со приготвување и давање на храната бидејќи тоа е најважното нешто за вашето бебе...




Wednesday, 14 April 2021

Црн ковид ден за Гевгелија денес

 Младо момче на возраст до 25 години, жител на Гевгелија, со место на живеење во Скопје е најмладата ковид жртва регистрирана денеска во извештајот на ИЈЗ - Скопје. Но тоа не е единствената жртва од корона за денес од Гевгелија. Почина и 76 год. пациент како резултат од компликација од корона вирусот.

Моменталната корона состојба на активни на ковид-19 изнесува:
- Гевгелија во моментот живее со 362 позитивни на коронавирусот, 
Богданци е со 71 активни лица на ковид-19, и
Дојран има 21 со активна корона состојба.

 Денеска се регистрирани 949 новозаразени на направени 3.610 анализи на корона тестови, а 737 оздравени. Смртен исход со коронавирусот имале 33 пациенти во изминатото деноноќие на ниво на државата.


Monday, 12 April 2021

Дарко Лазиќ минус 88 кг!

 Популарниот пејач Дарко Лазиќ гостуваше во Амиџи шоуто, каде одговори на прашањето во врска со неговата голема промена во телесната тежина.

Откако беше подложен на операција на стомакот, Дарко откри дека изгубил 88 килограми.


Се сеќавате на менаџерката на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески?

Лилјана Петровиќ, која претходно беше позната како менаџерка на Тоше Проески, по неговата смрт се повлече од оваа работа и се посвети на земјоделството. 

Лилјана има плантажа со лаванди. Тоа е работата на која се посвети по прераното замиување на Тоше. Нејзината органска плантажа на 600.000 растенија вистинска лаванда се простира на повеќе од 27 хектари, со што е една од трите најголеми плантажи во Европа.


Се сеќавате ли на Сашо ?

 Дефинитивно еден од најголемите хитови на македоснката естрада беше песната Пијан и млад на Сашо Спасовки, која беше актуелна пред речиси повеќе од 15 години.

Сашо беше огромна тинејџерска актракција од раните 2000-ти.



Имаше многу хитови меѓу кои;

1. Пијан и млад

2. Ѕвезда Деница

3.Дај ми прилика

4.Животе сладок си

5.Не ги гаси свеќите

И многу други ...

Денеска Сашо е повлечен од мк сцената и се бави со оперско пеење.