Sunday, 11 April 2021

Се сеќавате ли на вашето детство? Сигурно постојат некои работи кои никогаш нема да ги заборавите???

 Се сеќавате ли на вашето детство? Сигурно постојат некои работи кои никогаш нема да ги заборавите. Но, она што најмногу останува во сеќавање се илјадниците часови поминати во играње детски игри „на улица“.

Еве дел од најпопуларните игри од нашето и ваше детство:

Игра 1: Долга магарица

Игра 2: Жмурка (Криенка)

Игра 3: Граница (Вис)

Игра 4: Џамлии

Игра 5: Ластик

Игра 6: Плочка

Игра 7: Штркот бара боја

Доколку имате и вие ваша омилена игра од вашето детство пишете ја во коментар .

Убаво е чувството кога ќе се вратиме години наназад и ќе се потсетиме на убавите игри и забави кои со часови не тераа да поминуваме надвор до касните часови.

Ова нека биде поука за сите родители, наставници да ги навратиме денешните генерации на овие игри и за момент да ги оделиме од нивните телефони, таблети и итн.




Стравот од болести ја зголеми продажбата на витамини!


 Во период на сезонски инфекции, фармацевтите забележале зголемена побарувачка на витамин це, минерали и други суплементи за јакнење на имуниот систем.

Стравот кој дополнително го покрена светската пандемија со ковид 19, а која веќе седум месеци ја живеат и македонските граѓани, ја поставува дилемата, дали како народ се грижиме за сопственото здравје???

Живееме во време кога сите стравуваме за своето здравје па затоа и значителни средства одделуваме од својот буџет за купување на се она што сме слушнале, прочитале за первенција од ковид 19.

Се поставува и прашањето: Ни требаше ли ваква пандемија за да бидеме свесни дека и покрај се здравјето е најбитно, па се втурнавме набрзина да го извадиме штитот со купување на разни суплементи?


Saturday, 10 April 2021

Топ 3 најплатени професии за 2021 год.

 Веќе подолго време на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во септември била 67.216 денари или 1.092 евра. Веднаш по нив се вработените во воздухопловниот транспорт, кои во септември просечно земале 48.349 денари, а во однос на претходниот месец има раст од дури 14,5 проценти, а на трето место се вработените во дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, каде просечната плата е 45.799 денари, или помала за 0,7 проценти во однос на претходниот месец.


И денес големи бројки на заразени


 Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 452 

-Битола 85 

-Куманово 80 

-Прилеп 49 

-Кавадарци 45 

-Велес 41 

-Струмица 36 

-Охрид 33 

-Тетово 30 

-Штип 27 

-Кичево 22 

-Гостивар и Кочани по 21 

-Гевгелија 18 

-Струга 15 

-Ресен 13 

-Радовиш 11 

-Делчево 10 

-Дебар и Берово по 8 

-Свети Николе, Крива Паланка и Пробиштип по 7, Дојран 6 

-Неготино, Виница, Богданци и Демир Хисар по 5 

-Валандово, Македонски Брод и Македонска Каменица по 4 

-Демир Капија 3 

-Крушево и Пехчево по 2 

-Кратово 1



Според бројот на заразени се наговестуваат ли нови мерки за време на празниците?

 Православните верници на 2 мај го слават големиот христијански празник Велигден. Оваа година празникот се паѓа во недела, а додека ден претходно, односно во сабота е 1 мај, Ден на трудот. Претходно е Велики петок исто така неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, што значи ќе имаме 4 дневен продолжен викенд, со оглед на тоа што бидејќи Велигден е во недела, неработен ден е и понеделник, вториот ден од Велигден. Оттука се наметнува прашањето дали и оваа година како и ланската ќе имаме дополнителни рестриктивни мерки, како карантин или пак поинакви мерки???


Вечер Ел Класико! Што типувате?

 Вечерва во 21h Реал Мадрид- Барселона 

Спортските фанатици ги очекува возбудлив меч .

Вашите типови за вечерва кои се?



Познатите бараат нов начин за заработка во време на корона

 Македонската фолкерката Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

Таа ја промени својата професија и верувале или не стана инфуенсер. 

Рекламира салони за убавина, разни производи за козметика итн.

Во време на криза секој бара алтернатива па така и многу пеачи од домашната но и балканската сцена.